Живот и стил

Најголемите грешки при слабеење што ги демотивираат жените

Најголемите грешки при слабеење што ги демотивираат жените

Многу луѓе се враќаат на своите здравствени рутини на крајот од годината, обидувајќи се да ослабат неколку килограми по празниците или да се подготват за позитивни промени во новата година.

Сепак, губењето на телесните масти може да биде предизвик бидејќи бара рамнотежа помеѓу исхраната, макронутриентите, вежбањето и менталниот фокус.

Советничката за слабеење Аманда Блек ги истакнува „двете најголеми грешки“ што ги прават жените во нивните обиди за слабеење и тоа ги демотивира да продолжат понатаму.

Го „потценувааат“ нивниот напредок
Аманда забележува дека многу жени се разочарани кога ќе стапнат на вагата по една или две недели обиди и ќе видат дека изгубиле само еден до три килограми. Таа нагласува дека е важно да се признае секој напредок и дека бројките не треба да се потценуваат, дури и кога се пониски од очекуваното.

„Не правите ништо погрешно. Просечната одржлива загуба е еден до два килограми неделно. Ако губите два до четири килограми месечно, сте во прекрасен и одржлив опсег“, забележува таа.

Таа додава дека единствената причина зошто многу луѓе мислат дека „не е доволно“ е тоа што интернетот ги довел во лажни очекувања.

„Ве лажат видеата на социјалните мрежи кои ви кажуваат дека губењето од пет до десет килограми неделно или месечно е нормално.“ Аманда охрабрува да се слави секој килограм што ќе го изгубите и нè потсетува дека бавниот и стабилен пристап е клучен за одржливо губење на маснотии.

Пребрзо се откажуваат
Аманда објаснува дека многу луѓе губат резултати затоа што не остануваат доследни – без разлика дали ќе престанат со своите рутини по губењето на тежината или ќе се заморат од своите нови навики во животот по само неколку недели. Таа нагласува дека не може да се очекуваат резултати ако се откажете по две до три недели и дека можеби ќе треба да го прилагодите вашиот план.

„Мора да се држите до тоа подолго. Откажувањето нема да ве одведе никаде, но обидите и грешките ќе ве однесат. Прилагодувањето на вашиот план и неговото модифицирање се клучно за вистинско губење на тежината.“

Таа додава дека е важно да бидете флексибилни, да ги менувате стратегиите и да прифатите дека процесот на губење на тежината е комбинација од учење и прилагодување.

Извор: Kурир
Фото: Freepik

To top