Радио Милева убава вест

„Една толку емотивна средба, а богами и лекција“ – Миа Костова доби статуетка за човечност и хуманост

„Една толку емотивна средба, а богами и лекција“ – Миа Костова доби статуетка за човечност и хуманост

Македонската екс водителка и актуелна инфлуенсерка Миа Костова пред две години организираше донаторска акција за лекување на момчето Леонид Индов.
Тогаш, благодарение на нејзината акција, беа собрани 450.000 денари за неговата терапија по несреќата што ја доживеа во Грција.

Сега, Миа се сретна со Леонид, и се фотографираа со насмевки по големата битка која тој ја водеше. По оваа посебна средба, Миа доби и статуетка од него како благодарност, а за убавата вест се огласи и на кратките приказни на Инстаграм, каде ги сподели овие моментите и со своите фанови.

– Мојата прва статуетка која нема да ја победи ниту една друга – напиша гордо во описот Миа Костова.

„Една толку емотивна средба, а богами и таква лекција од ова дете… Инаку да, ве поздрави сите кои бевте со мене во идејата да му помогнеме кога беше најтешко. И успеваме во тоа! Сите да ја имаме енергијата на Лео… Лео Индов, те сакам“, додаде таа на заедничката фотографија.

Хуманитарната акција што ја покрена Миа Костова за лекувањето на Леонид, останува светол пример за тоа како единството може да направи значајна разлика во животите на луѓето.

фото: print screen/Instagram/

To top