Мирјана Митрева (22) од Кавадарци, покажа во „Ѕвездите на Гранд“ каков величествен талент поседува и ги „воодушеви“ сите членови на жирито, кои ѝ доделија максимален број гласови.
Во првиот круг, натпреварувачката се претстави со песните „Море пелина“ од Марија Шерифовиќ и „Главо луда“ од Здравко Чолиќ, а веќе со првите тактови, за само 20 секунди ги освои гласовите од жирито.

Мирјана се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ минатата година, каде што стигна до четвртото коло со менторот Ѓорѓе Давид, но оваа сезона реши навистина да го покаже својот максимум.
Таа тогаш даде сé од себе и успеа да биде една од неколкуте што поминаа , но не беше доволно. За влез во петтиот круг беше доста тензично до последните минути кога кавадарчанката за жал во баражот не успеа да биде меѓу избраните кандидат.

Но за разлика овој пат, таа успеа го освои жирито со нејзината изведба.
Сега , Катарина Живковиќ за неа рече:
-Мојот впечаток е дека Мирјана беше одлична вечерва. Изгледа прекрасно, а што се однесува до нејзиниот глас – многу моќна вокалистка, таа е моќна сама по себе.

Дара Бубамара се согласи со коментарите на нејзините колеги, но и покрај тоа што беше самоуверена, го критикуваше нејзиниот стајлинг, но и го пофали изборот на песни.

-Навистина имаш му*а. Пееше најдобро. Единственото нешто што не ми се допаѓа е твојата гардероба. Не оди со твојот глас и со тие песни. Требаше да носиш тесен црн фустан, рече Дара.
Драган Којиќ Кеба истакна дека ќе ѝ дадеше деветти глас доколку тоа беше можно, а поранешниот ментор Ѓорѓе Давид го пофали нејзиниот напредок од минатата година.
Foto: print screen/Instagram/Youtube







