Елена Велевска иако има долг стаж на естрадата и се’ уште важи за една од најатрактивните, најсексапилните, најпопуларните и секако најбараните фолк пејачки кај нас. По тешкото животно премрежје кое го имаше со бурниот развод со сега веќе екс- сопругот Марјан, најтешко и падна разделбата со децата.
Потоа Елена се пресели во нов стан во родниот Прилеп, иако во ниту еден случај не ја запостави кариерата за која секогаш се дава во целост.

За нејзината приватност по разводост прилично се шпекулираше, дека за брзо време си нашла нов партнер, но таа остро демантираше дека се работи за невистини. Она што милува најмногу да говори, да се покажува и докажува е единствено песната и нејзните три дечиња.
И кога сите, па и смата таа помисли дека успеа да го стабилизира својот живот, пејачката едно утро ја разбуди шокантна вест.

Така, листајќи ги социјалните мрежи Елена налета на објава која секого би го избезумила, а особено жена. Откако со неверување ја прочитала, побрзала и самата да ја сподели на своите профили на социјалните мрежи за да не мора да ги растревожува нејзините најблиски, пријателите, соработниците, колегите, фановите, јавноста… Едноставно Елена морала да потврди дека се работи за бизарна лажна вест, а таа е се’ уште здрава и жива.

Имено, пејачката останала фрапирана кога се соочила со лажната објава за себе дека таа си го одзела животот, поточно дека Елена Велевска се обесила.
„Престрашно: тажна вест. Се обеси познатата пејачка која остави писмо. Погледни повеќе во коментар“ – стои во лажната објава за Велевска.

„Уште ваква дезинформација немав прочитано за мене. Жално и бедно е што се’ користите за лајкови. Срамота“ – споделила Елена покрај „исечокот“ од лажната објава за неа.

Во морето злоупотреби на јавните личности за разни цели, остана прашањето: Кој тоа сакал и заради што да и наштети на пејачката? Кој сакаше да ја обеси Елена Велевска? Дали некој тоа го направи заради поголема читаност и лајкови или пак некој трет, можеби близок до неа имал поинаква, уште постаршна и позлобна причина да и нанесе катастрофална штета? Љубомора, конкуренција, омраза или несолена шега?

Сеедно – лажна вест со бизарна содржина, како уште еден „црн бисер“ во лажната црна хроника, со намера некој „жива да ја закопа“ Елена Велевска!
Фото: Фејсбук/Elena Velevska







