Секој има различна призма низ која ги гледа нештата кога простувањето е во прашање. Па така, ако за едни простувањето претставува доблест, за други е опција која не им доаѓа ни на крај памет.
Се вели дека секој греши, секој може да се покае, секој има право на нова шанса, ама и секој има право да одлучи како и со што сака да ги залева сопствените чувства предизвикани од туѓите постапки и дела.

За фолк пејачката Анета Љумаковска оваа тема нема простор за поправка и „читај меѓу редови“, а особено не за простување.
Таа во изјава за естрадниот магазин „Бекстејџ“ децидно вели дека никогаш не би му простила на оној или онаа личност која кажува лаги за неа.
-Не би простила лага за мене, кога нешто се кажува што не’ е точно. Никогаш не би му прозборела на тој човек или на таа личност што кажува лаги за мене, изјави Анета пред камера.
View this post on Instagram
Очигледно искуството и карактерот ја изградиле во личност која добро знае што сака и до каде се поставени границите – личните, па и оние кои ги создала за околината околу.

За потсетување, Анета неодамна издаде нова песна насловена„Жена“, а објави и дека ги завршува настапите со бендот „Дакапо“ и продолчжува со старо/нови музички соработници меѓу кои е и нејзиниот партнер Рубин Размоски.
фото:Instagram printscreen/Facebok/ Aneta Ljumakovska



