Радио Милева кога сонот станува јаве

Гостиварчанката Елизабета го воодушеви Дејан Матиќ со настапот во „Никогаш не е доцна“, па веднаш „падна“ и понуда: „Мојата одлука е конечна“

Гостиварчанката Елизабета го воодушеви Дејан Матиќ со настапот во „Никогаш не е доцна“, па веднаш „падна“ и понуда: „Мојата одлука е конечна“

Воспитувачка во градинка од Гостивар, 47 годишната Елизабета Ефтоска, тргна да го остварува својот сон преку учеството во популарното регионално шоу „Никогаш не е доцна“.

Таа иако е аматер и музиката и е голема љубов, од неодамна започнала да настапува со бенд и да пее пред публика.

Како што самата вели и самата, со настапи започнала пред две години.

-Од основно училиште пеев по ходниците и ме слушаа сите. Бев и во хор, тоа беше се’. На матура првпат запеав на микрофон. Од пред две години настапувам со својот бенд, вели Елизабета која за себе вели дека е среќна и остварена жена, сопруга и мајка три деца.

„Сопруга сум и мајка на три деца. Среќна сум и задоволна жена. Имам прекрасен маж, деца и ја работам работата што ја сакам, вели Елизабета.

Откако ја раскажа својата животна приказна, русокосата талентирана гостиварчанка пред жирито се претстави со песна од Лепа Брена „Нежна жена“ , а по изведбата од Дејан Матиќ кој беше гостин во жирито на  шоуто, доби покана да гостува на негов концерт во Македонија.

-Според пеењето би кажал дека имаш 25 години стаж. Сега мојата одлука е конечна, ќе бидеш мој гостинка во Гостивар, сигурно, беше дециден со понудата Дејан Матиќ.

Освен од популарниот српски пејач, Елизабета беше поласкана и од останатите членови на жирито кои кажаа:

„Толку си убава, како некоја холивудска актерка. Толку е убаво да те гледаме, најпрво да те слушаме, а потоа и да те гледаме. Милина“, изјави Лена Ковачевиќ која исто така беше гостинка.

А пропо сево ова, јасно е дека Елизабета е уште една Македонка на која ќе бидеме гости од настапите во „Никогаш не е доцна“ каде многупати досега сме се покажале преку ултра талентирани кандидати кои наедно беа и победници.

фото:You tube printscreen/ Nikad nije kasno

To top