Боксерот Вељко Ражнатовиќ го освои бронзениот медал на Европското првенство во Белград, откако во полуфиналето беше поразен од актуелниот светски првак, Атаев Шарабудин од Русија. Младиот Ражнатовиќ покрај бронзениот медал успеа да добие и солидна парична награда, а заработи и 5.000 долари кои, како што изјави, ќе ги даде во хуманитарни цели.
– 5.000 одат кај некое дете на кое му требаат повеќе од мене. Да живее Србија – напиша Вељко.
Сепак, Ражнатовиќ не се занимава само со бокс, Вељко своевремено изјави дека има фарма и сопствен бизнис во Тител, а неодамна покажа колку навистина е вреден. Таму познатиот боксер живее мирен семеен живот, како што изјави во „Цеца шоу“.
– Пресврт за да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека Белград тргнал надолу и дека не сакам моето дете да порасне во таа средина. Го мразам градот, овие работи што ги правам овде не можам да ги правам во Белград, ме ужаснува пиењето кафе низ градот. Белград е половина час возење, Зрењанин е 15 минути, Нови Сад е 20 минути – рече Вељко, а потоа додаде:
– Некој мора да се грижи за Жељко. Убаво си поминува во Тител и кај мама, на тотално поинаков начин го поминува времето во Белград и овде дома. Мислам дека е поздраво да расте во Тител.
фото: printskrin/instagram/veljkoraznatovic