Ви подаруваме примероци од новата книга “Благосостојба” од Мари Форс во издание на Матица Македонска (2025).
📖 Кратка содржина:
Празничната сезона го обземa Вашингтон, но во Метрополитенската полиција предмет на истрага станува ужасното убиство на почитувана сопруга, мајка и деловна жена, пронајдена врзана и задушена во својот автомобил далеку од дома. Оваа трагедија ја става потполковничката Сем Холанд пред најголемиот предизвик во нејзината кариера. Кој би можел толку немилосрдно да ѝ го скрати животот, оставајќи ја да страда со недели? Одлучна да го реши мрачниот случај пред да започне долгоочекуваната празнична пауза со семејството, таа се соочува со нов предизвик кога второто убиство — овој пат лице што го познава — ја фрла во неизвестност дали воопшто ќе може да ужива во одморот.
Во меѓувреме, сопругот на Сем, претседателот Ник Капуано, се судрува со своето прво големо национално искушение. Принуден да се изјасни за контроверзен проблем, ја презема улогата на водечка фигура на нацијата, чиј спокој е нарушен од последиците на уште еден бесмислен акт на насилство. Истовремено, битката за старателство на близнаците што Ник и Сем ги посвоија по трагичната смрт на родителите, зема замав со сѐ поголема интензивност, фрлајќи темна сенка над престојните празнични случувања. Среде хаосот што ги опкружува, дали Сем и Ник ќе успеат да создадат волшебен Божиќ во Белата куќа?
Придружете им се на Сем, Ник, Скоти, Илајџа, Обри, Алден и Скипи, и верното куче на првото семејство, додека заедно се нурнуваат во празничниот дух и прославуваат Божиќ каков што досега не сте виделе.

👉 Како да учествувате?
-
Лајкувајте ја фан страницата на Вистина: facebook.com/vistina.com.mk
-
Во коментар тагнете пријател/ка.
-
Споделете го овој пост на вашиот профил.
✅ Секој учесник може да остави повеќе коментари и да тагне повеќе пријатели (со тоа си ги зголемува шансите за добивка).
📌 Правила на игра:
-
Giveaway-от трае до 03.11.2025.
-
Добитникот ќе биде избран по случаен избор и ќе биде известен во порака од фан страната на Вистина.
-
Наградата не може да се заменува за пари или друг производ.
-
Секој добитник лично ја подига книгата во книжарницата Матица Ексклузив.







