Радио Милева му се темни

Сергеј Варошлија има јасна порака до сите „настегани“ мажи во тесни фармерки како хеланка

Сергеј Варошлија има јасна порака до сите „настегани“ мажи во тесни фармерки како хеланка

За разлика од женската мода, онаа на спротивниот пол е помалку коментирана и помалку забележлива, барем така е на наши простори.

Модната индивидуалност, независно од полот, е работа на силно изградено себечувство и личен стислки печат, па слепото следење на трендовите речиси никогаш не е опција.

Сепак, правилото „ова е модерно“ многу често може да го слушнеме, а и видиме наголемо од праска, независно дали прилега на конституцијата, возраста…

Македонскиот моден гуру Сергеј Варошлија секогаш е без влакна на јазик, особено кога нешто не му се допаѓа, па дали му се лутеле или не, тој ќе го изнесе своето, секако силно поткован со стилско модени аргументи кои се негова силна страна од изразаната способност на погледот кон модата години наназад.

Овој пат „на тапет“ од неговите објави на Инстаграм беа сите оние мажи кои безрезервно се стегнати во фармерки ала хеланка што впечатливо ги истакнуваат нозете, па фокусот е апсолутно таму…

Само неколку симболи од емотикон смајли во ужас беше доволна реакција од Сергеј дека оваа машка мода треба да замине во историја без повраток.

Ако едни можеби ќе му забележат на Сегеј за она од кое се погодени, други пак најдобронамерно чекаат да слушнат негов совет- ова дефинитивно е еден од нив!

Инаку, Сергеј Варошлија од неодамна е дел од новата сезона од поткастот на Лазаров како дел од пректот наречен „Урок“.

фото:Instagram printscreen/varoshlijasergej

To top