Пејачката Бранка Соврлиќ раскажа неверојатна ситуација што ѝ се случила откако завршила во болница поради консумирање семе од чиа.
Прашањата на медиумите се однесуваа на тоа што сака да готви дома и дали воопшто готви, а Бранка откри и едно неодамнешно непријатно искуство.
– Иако имам ресторан, многу често готвам дома – почна Бранка, а потоа додаде:
– Им советувам на сите да јадат она што го подготвувале и јаделе нашите баби, а не постојано да измислуваат „топла вода“. Неодамна завршив во болница поради семки од чиа. Сите знаеја дека сум таму, но не знаеја зошто. Ги јадев без претходно да ги натопам, па се залепија на цревата. Затоа, не препорачувам никому да ги јаде – ни под никакви околности.

За потсетување, Бранка беше итно хоспитализирана поради болки во стомакот и беше оперирана во болница во Сараево. По деталните прегледи, тим лекари утврди дека станува збор за тежок апендицитис.
– Фала му на Бога, сè помина добро и вчера бев отпуштена од болница. Имав навистина големи болки, но стручниот тим лекари и медицински персонал, на кои сакам да им се заблагодарам за нивната професионалност, реагираа брзо. Наскоро ќе се вратам на сцената и ќе презентирам нова песна. Јас сум силна жена – рече пејачката.
Foto: print Screen/Instagram/branka_sovrlic




