Мегафон Место каде што инспирацијата станува акција

Женската моќ во движење: „Профемина 2025“ го носи духот на промените

Женската моќ во движење: „Профемина 2025“ го носи духот на промените

Најмоќниот женски собир во регионот се враќа – подгответе се за најголемата конференција за жени – ПРОФЕМИНА 2025!

Ситно броиме до деветтото издание на регионалната конференција за жени ПРОФЕМИНА 2025, која оваа година се одржува под
мотото: „Креативна, моќна, непобедлива“. Подгответе се за ден исполнет со инспирација, мотивација, убавина и знаење – во друштво на уредништвото на списанието „Убавина и здравје“, како и многубројни експерти и панелисти од областа на медицината,
дерматологијата, психологијата, партнерските односи, образованието и бизнисот.

Датумот е  23 октомври (четврток), а локацијата – хотел „Холидеј ин“ во Скопје.

Од 9:30 – 10:00 е прием и регистрација на гостите. Сите присутни со запишување на своето име и презиме автоматски учествуваат во големата лотарија што ќе се одржи на крајот од конференцијата, со вредни подароци за најсреќните добитници.

Теми на кои ќе дискутираме на ПРОФЕМИНА 2025

Оваа година, ПРОФЕМИНА носи моќна програма со теми што отвораат важни прашања и инспирираат промени. Од здравјето и убавината, преку психолошката рамнотежа и партнерските односи, до дигиталниот живот и личниот развој — сè на едно место, во еден ден исполнет со инспирација и позитивна енергија.

10.00 – 10.40  Помалку совршена, повеќе вистинска – разговор за прифаќањето на себеси и автентичноста како најголема сила.
10.45 – 11.05 Проширени вени: здравствен или естетски проблем? – современи решенија за женското здравје.
11.10 – 11.50 Тивките болести на жената – важни теми кои често ги игнорираме, а можат да го променат нашиот живот.
12.00 – 12.25 Сјајот на едноставноста: новото лице на секојдневната убавина – минимализмот како формула за вистинска убавина.
12.35 – 13.05 Плодност – заедничка мисија на двајцата партнери – разговор за доверба, љубов и поддршка.
13.10 – 13.50 Подобар онлајн – како да пронајдеме рамнотежа во дигиталниот свет.
14.00 – 14.40 Од срам до сила: менопаузата како ново будење – менување на перспективата и прифаќање на новата животна фаза со гордост.
14.45 – 15.05 Историја на брендот – инспиративно патување низ вредности, визија и истрајност.
15.10 – 15.55 Танцот на хормоните: да ги научиме чекорите – подобро разбирање на телото, енергијата и емоциите.
16.00 – 16.30 „Партнерологија“ by Јелена Станивуковиќ – тајните на хармоничните односи и љубовта во 21 век.
16.40 – 17.20 Што сакаат жените: низ призмата на мажите – духовит и искрен дијалог што секогаш предизвикува интерес.

Од Белград, Србија, оваа година специјална гостинка е Јелена Станивуковиќ, магистер по клиничка психологија и психотерапија, RE&KBT психотерапевт, сертифициран ATOS практичар и хипнотерапевт.

Областа на која Јелена е најмногу посветена се љубовните и партнерските односи. По повеќе од 15 години длабинска работа со стотици парови и поединци, таа ја напиша книгата „Партнерологија“, во која ги сумира своите сознанија, искуства и практични алатки за создавање здрави и исполнети врски.

Зошто да бидете дел од Профемина? Ќе слушнете вистински приказни и мотивирачки искуства, ќе се запознаете со експерти и панелисти кои инспирираат, ќе имате можност да пробате нови производи и препарати за нега, ќе уживате во зоната на искуства и интерактивните активности, ќе добиете подароци, освежување, конференциски материјали… И секако, ќе учествувате во богатата лотарија!

Пријавете се уште денес! Испратете ни име и презиме (ваше и на вашата придружничка) на: [email protected] или во порака на Instagram: @ubavinaizdravje.mk со хаштаг #profemina2025

Бројот на местата е ограничен – пријавете се навреме! Дојдете да размениме добра енергија, знаење, вештини и идеи! Додека трае одбројувањето до ПРОФЕМИНА 2025, потсетете се на моментите од минатата година – и подгответе се за најинспиративниот настан на есента!

 

To top