Цеца Ражнатовиќ е во редот на актуелните членови на жирито во шоуто „Ѕвезде Гранда“.
Сега таа проговори за српските медиуми за годинашните натпреварувачи.
– Многу сум задоволна од кандидатите, оваа година е одлична. Со што ги хранат овие деца, толку се убави и талентирани. Изненадена сум што има многу кандидати од Војводина и сите овие деца пеат феноменално, пееја и Црногорците – рече Цеца, а потоа откри нова одлука на продукцијата што ја засега како ментор.

– Навистина имам многу кандидати, па продукцијата мораше да реагира. Кога ги прашуваат кандидатите, откако ќе добијат 7 или 8 гласа, кого сакаат за ментор, и ме избираат мене, продукцијата вели „Нема повеќе со Цеца“. Нема да можам правилно да соработувам со сите – откри Ражнатовиќ.
Како што додаде, веќе има повеќе од 20 кандидати и таа верува дека треба да им се посвети на сите на ист начин.
– Ако тие деца ме избрале мене, тогаш заслужуваат да ги научам нешто. Сите се одлични, многу талентирани и убави – рече Светлана.
фото:instagram printscreen/zvezdegranda





