Ана Ивановиќ, најубавата српска тенисерка и поранешна сопруга на Бастијан Швајнштајгер, се појави синоќа на модната ревија на „Викторија Сикрет“, ревија која ги собира најголемите ѕвезди меѓу моделите и е опишана како настан на годината.

На пистата во долна облека прошетаа и Адријана Лима, пензионираната Алесандра Амброзио, прекрасната Ирина Шајк… а вниманието на сите присутни го привлече и Србинката Ана Ивановиќ.

Ана се појави на розовиот тепих во тесен фустан кој го откриваше нејзиниот стомак, а нејзината Инстаграм приказна е полна со слики од „првиот ред“ во кои уживаше тенисерката.

Сепак, клипот што привлече најголемо внимание е оној во кој таа вреска со публиката во моментот кога Ирина Шајк ќе излезе на пистата, поради што рускиот модел ѝ мавна на Ана.

Фото: prescreen/Instagram/anaivanovic





