Со гордост ви ја претставуваме Првата лиценцирана Академија за Make-up артисти, создадена под менторство на познатиот шминкер Дадар, чија креативност и професионализам го поставија врвот на домашната beauty сцена. Академијата претставува уникатна можност за сите кои ја носат љубовта кон шминката во себе и сакаат таа страст да ја претворат во професионална кариера.

Академијата е осмислена така што им овозможува на учесниците да го совладаат целиот процес на професионално шминкање – од основните техники, преку креативни стилови и
работа со различни типови кожа, до напредни вештини за модна, фото и видео продукција.

Наставата ќе се реализира под менторство на Дадар, кој ќе го пренесе своето повеќегодишно искуство и препознатлив стил на работа, заедно со гости предавачи –
професионалци од светот на здравството, комуникацијата и маркетингот. Програмата е внимателно структурирана за да им овозможи на сите учесници да стекнат и
теоретски и практични знаења. Академијата е наменета за:

– Почетници без претходно искуство кои сакаат да ги совладаат основите на професионалното шминкање;
– Активни шминкери кои сакаат да се усовршат и да ја прошират својата експертиза;
– Сите кои ја гледаат шминката како уметност и потенцијална професија.

Академијата трае девет недели, со часови двапати неделно, во современо опремениот простор на Мое студио ДАДАР. По завршување на програмата, учесниците добиваат Државен и Интернационален сертификат, признат и во земјата и во странство – потврда за нивната професионална подготвеност и квалитет.

Оваа академија не е само курс, туку вистинска образовна платформа која ги обединува страста, знаењето и искуството во една целина. Под менторство на Дадар, учесниците ќе
имаат можност да изградат стабилна основа за својата иднина во светот на убавината и шминката. Почетокот на академијата е предвиден за 18 октомври, а последниот ден за пријавување е 16 октомври.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку веб-страницата academy.dadar.mk или да добијат повеќе информации на телефонскиот број 078 448 319, како и преку е-пошта на
[email protected]

Фото: А.Б. Дадар







