Македонската фолкерка Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш одлучи да се отвори пред следбениците и да одговара на Инстаграм прашања за што подобро да ја запознаат.

Покрај прашањата, пејачката најмногу доби комплименти, па со цело срце им се заблагодари на сите кои ја пофалија за нејзиниот изглед.

Воедно им откри на следбениците и некои приватни работи како на пример колку тетоважи има досега.
-Имам шест и не сум завршила тука.

Сепак она што привлече внимание е дека има две неостварени желби, едната и ја погодија но другата засега ја сокри.
– Дали сакаш да создадеш семејство?
– Првата од двете неостварени желби – Беше нејзиниот одговор со кој ги замисли следбениците.

Или пак, можеби неостварената желба е таа за која смета дека никогаш не е доцна.
Така на прашањето да не беше пејачка што ќе беше? – одговори :
– Психолог, мислам дека никогаш не е касно, да се надградуваме во животот, така да, кој знае, можеби еден ден…

Се чини дека зад нејзините зборови стои надеж и верба дека животот носи нови можности, а со нив и исполнување на оние желби кои засега се недопирливи. Во секој случај, нејзините зборови инспирираат и даваат надеж дека вистинските желби и цели секогаш можат да се реализираат, без оглед на тоа каде сме во животот.
Foto: print Screen/Instagram/adrijana_acevska




