Ако мислите дека на пејачите животот им е песна, гадно сте се излажале. Старата поговорка вели: „Кој пее – зло не мисли“, ама искуството кажува пак дека… „Кој умее да мисли, не му е до песна“!
Мислела не мислеа, ова утро до песна не и беше ни на Викторија Лоба. Зашто ако по утрото денот се познава, тешко дека расположението бргу ќе и се поправи, зашто истото многу нешта уште рано посабајле и го расипаа.

Ретроградниот Меркур од астрологијата и ја расипа „хемијата“, па на малер денот уште и полната месечина ја дотепа. На гужвата во сообраќајот не и се гледаше крајот, оти овие зад воланот – не знаат да возат па секаде се доцни, а штом стигнеш и нарачаш кафе ем да се доразбудиш ем да смириш живци, како по непишанео Марфиево правило – и кафето ќе ти го донесат горчливо! Се’ што може да тргне наопаку – тргнало! Во горчливото утро на Лоба единственошто може да си го заблажи и остана кафето.
Од друга страна и на Александар Тарабунов денот му тргна со кафе. Еспресо за добро утро, само што нему и утрото и кафетому беа потаман! Џез еспресо!
Потоа Тара тргна да дише со полна плуќа… На пат низ Македонија, на шетање или по работа, ама и во потрага на еден мноу важен животен сегмент – „петтиот елемент“!
Земјата ни е убава со прекрасна природа, па првиот елемент – земја на Тара секако не му недостасува.

Убава природа полна со води… Море до душа сега немаме, ама затоа имаме бистри извори, природни или вештачки езера… Со други зборови ниту вториот елемент – вода ни нам, ни нему не ни недостасува.
Големите градови се толку загадени што можеби наликуваат на „воздушни депонии“, ама затоа надвор од градот во природа, особено кога ќе се најдеш среде планинска клисура, воздухот е толку чист, што на ниту едно друго место не е ист! Што значи и условот за третиот елемент – е исполнет!
А кога ќе стигнеш на некое зацртано одредиште, па уште налеташ на топло огниште покрај каминот, четвртиот елемент – огнот ти ги грее и снагата и душата.

Но и покрај тоа што сите четири услови, сите 4 елементи се исполнети, сепак останува една празина, зашто душата бара да се згрее и одвнатре, а Богами и да се нахрани!
И тогаш доаѓа она што иако оддамна е познато, при секоја средба со него сфаќаш колку е благословено. Чоканче камен ладна ж’та – домашна, парче овчо сирење, Македонска салата и канче кисело млеко или макало – сеедно… И утрото веднаш ти е совршено, речиси идеално… И не само утрото туку и денот. И тоа во секој поглед, во секој сегмент, при секоја повторна средба со „петтиот елемент“!
И ако за пејачката денот беше килав, катастрофален, за пејачот беше скоро идеален…

На Лоба денот и тргна наопаку, на Тара „петтиот елемент“ му легна совршено!

Фото и видео: Инстаграм/victorialoba/aleksandartarabunov





