Радио Милева горда на себе

„Работев, не сонував“ – Кристина Димитри заврши важен животен чекор

„Работев, не сонував“  – Кристина Димитри заврши важен животен чекор

Македонската поранешна мисица, модел и пејачка Кристина Димитри го прослави завршувањето на своето студирање со свечена дипломска церемонија на Универзитетот во Скопје.

Облечена прво во традиционалната академска наметка со капа, а потоа и во провокативна бела тоалета, Кристина блесна со својот изглед и самодоверба.

Таа сподели фотографии од свеченоста придружени со моќна порака која веднаш привлече внимание: „I never dreamed about success, I worked for it.“

На фотографиите Димитри позира гордо со својата диплома и со професорот, среќна што успешно го завршила овој важен животен чекор.  Пејачката со упорност и труд ја оствари својата цел, а нејзиниот успех не е случаен, туку  со својата работа  покажа како  се постигнуваат големи нешта.

Со својот пример, Кристина испрати јасна порака и мотивација до нејзините следбеници покажувајќи дека сѐ  можеме да  постигнеме доколку вложиме труд и верба во себе, бидејќи успехот не доаѓа преку ноќ, но со упорност, посветеност и работа, секој сон може да стане реалност.

Foto: print Screen/Instagram/kristina.dimitry

To top