Првиот ден на манифестацијата Велешка питијада 2025, која ќе се одржи од 10-ти до 12-ти октомври во Велес, ќе помине во знакот на македонската музика. Градоначалникот Марко Колев ги објави имињата на изведувачите кои ќе ја забавуваат публиката на 10-ти октомври (петок) кога ќе биде исечена и џиновската пита.
Најпрвин ќе настапат децата од ОЈУДГ Мирче Ацев, а по сечењето на питата следуваат настапите на велешката група Соната, Перо Христов, 2Бона, Куку Леле и Калиопи.
Околу тоа кои ќе бидат музичките гости во наредните денови, се уште не се објавуваат детали. Неофицијално, главна музичка ѕвезда која ќе настапи на последната манифестациска вечер во Велес ќе биде познато име од хрватската сцена?!
Мегафон
10-ти до 12-ти октомври во Велес
На првиот ден на „Велешка питијада 2025“ ќе настапуваат само македонски изведувачи







