Цеца Ражнатовиќ неодамна беше гостинка во емисија каде што зборуваше за почетокот на нејзината кариера, како и за нејзината најголема љубов, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Во таа прилика, таа се осврна и на својата популарна и прекрасна вила, и призна дека никогаш не ѝ паднало на памет да ја продаде, бидејќи нејзините ѕидови чуваат прекрасни спомени.

Покрај тоа, таа призна и со какви слатки болки се соочува како една од најголемите балкански ѕвезди, со оглед на тоа што сите знаат каде живее.
– Мојата вила се наоѓа помеѓу две многу прометни улици. Ме викаат, свират од автомобили, ми пуштаат песни… Кога ќе поминат фановите, ми скандираат: „Јави се, Цецо!“… Сè слушам, но и тоа има свој шарм – откри Цеца за К1.
фото:Instagram printscreen/cecaraznatovic




