Живот и стил

Тикварник

Тикварник

Состојки:

  • 1,5 кг тиква
  • 50 мл масло
  • 250-300 мл млеко
  • 1 чаша шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 јајца

 

Подготовка:

Тиквата може да се пече во рерна или да се вари на пареа. Јас претпочитам да се вари, бидејќи е посочна и полесна за пире. Добро изгмечете ја сварената тиква за да нема грутки. Скршете ги јајцата и добро измешајте, потоа додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, маслото и млекото, едно по едно постепено, мешајќи. Печете на 180 степени 20-30 минути, т.е. додека не поруменат одозгора. Сами изберете ја чашата за шеќер, во зависност од тоа колку ја сакате слатка. Сладоста зависи и од тоа колку е слатка самата тиква.

Смесата за Тикварник треба да биде густа како за мафини, па затоа не е важно дали е погуста или поретка. Состојките не мора да бидат потполно исти.

To top