Националниот џез оркестар ја продолжува сезоната настапи на 1. октомври со концерт во Македонската опера и балет. На концертот (20 часот) ќе гостува американскиот џез гитарист, композитор и продуцент Курт Розенвинкел за кого Ерик Клептон има кажано дека е гениј.
Розенвинкел за првпат ќе настапи во Скопје заедно со НЏО, а ќе диригира Владимир Николов.

„Веќе три децении, Розенвинкел ја обликува современата џез-сцена со своите препознатливи стил и музичка длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот ширум светот“, напиша „Њујорк тајмс“ за гитаристот.
Билетите се продаваат преку мрежата на МК тикетс.
Фото: Instagram/kurtisrosenwinkel







