Кога ќе се спомне зборот кучка, веднаш на ум ви паѓаат две асоцијации. Онаа, полошата, како во песната на „Куку леле“: „И ноќва ти ќе останеш, кучка неверна“! Кучка, како синоним за опасна, лоша, злобна, расипана, подла, неверна жена…!
Втората асоцијација е онаа вистинската – за женски род од куче, од пес! Ама бидејќи „песица“ не може да биде, кучка е многу посоодветно.
Кога сме веже кај кучките и кај едниве и другиве, нив ги има од сосема анонимни, до помалку или повеќе познати, до најпознати… Ведети! И тие таквите најчесто никогаш не се сами! Ниту оние првите, кои совршено знаат и умеат каде да и како баеги добро да се „ухлебат“, ниту оние вторите зашто се толку неодоливи што секогаш ќе се најде некој кој ќе ги посака крај себе, да ги вдоми како куќни миленици!

А токму една од нив, понеделнички, славеше роденден. На „прочуениот Бранков 15-ти септември“ после кој како што и самиот му вети, „народот го зеде во свои раце“!
А оваа денешната роденденка е најпознатата кучка во Македонија. Три години откако е дојдена на овој свет. Можеби не е расна, можеби не е од од познат сој, понекогаш има брливи навики, не оди на натпревари, не освојува награди, нема педигре, а сепак е славна, позната, најпозната… Македонска кучка иако има турско име! Дојранчанка по потекло, скопјанка „у покушај“, тотално инверзно од оној со кој живее, кој е пак скопјанец родум, со дојранска адреса на живеење во последно време.
View this post on Instagram
Токму тој прв и тоа јавно и го честиташе роденденот. Преку социјалните мрежи! Веднаш штом се разбуди покрај неа во постелата на која таа се беше испружила, следуваше песничка. Онаа познатата роденденска: „Happy birthday to you, dear… Ферхунде“!
А таа „мртва ладна“ полна себе дека сега е веќе возрасна кучка, не реагира. Само мудро молчи и гордо се обѕирнува лево-десно, наоколу!
Дека денес и е денот што го чекаме цела година покажа и човекот што живее со неа – Игор Џамбазов, покажувајќи го гордо нејзиниот кучешки пасош во кој црно – на бело пишува се! Освен едно, кое сите мислат дека го знаат, а всушност го знаат само малкумина.
Знаете ли всушност колку години наполни Ферхунде, најпознатата кучка во Македонија? Ако не – погледнете подолу, а и провере си и дознајте колку години според најновото броење има и вашиот домашен миленик, вашето куче, доколку го имате!
Фото и видео: Фејсбук/Amy’s Ideas Español/Инстаграм/igordzambazov







