Живот и стил

Нутриционистите потенцираат кој е најздравиот вид леб

Нутриционистите потенцираат кој е најздравиот вид леб

Лебот долго време има лоша репутација како главен непријател на секоја диета, но експертите сега тврдат дека е многу здрав.

Нутриционистката д-р Ени О’Конор тврди дека оваа храна задоволува повеќе од 10 проценти од потребите за протеини, фолна киселина и железо и дека има и позитивна страна.

Имено, лебот содржи многу влакна, но ова важи само за интегрален, овесен, ‘ржан и пченкарен леб, бидејќи се богати со минерали и витамини од групата Б.

Што кажува бојата

Бојата не е сигурен показател за квалитетот на лебот. Темниот леб често се бои со вештачки бои, па луѓето грешат дека е поздрав од белиот и не дебелее. А вистината е следнава – најтврдиот и најжив леб е најздрав!

Лебот не дебелее ако го јадете во разумни количини, односно 200-300 грама дневно – се дебелееме главно од она што го ставаме врз него: путер, паштета, салама, мајонез или мармалад.

‘Ржта е најздрава

За жал, лебот често нема етикета, па не можеме да бидеме сигурни што содржи. Затоа треба да обрнете големо внимание на тоа од каков вид брашно е направен. ‘Ржта е најпрепорачлива бидејќи содржи многу витамини и минерали, е богата со растителни влакна, па затоа е полесна за варење, а нејзиниот гликемиски индекс создава долготрајно чувство на ситост. Лебот од овес е исто така одличен, како и лебот збогатен со семки и јаткасти плодови.

Белиот е најдобро да се избегнува

Овој леб има најмалку хранлива вредност и често содржи скриени количини шеќер и сол и има висок гликемиски индекс. По јадење парче бел леб, шеќерот во крвта се зголемува, а потоа паѓа, поради што чувството на ситост трае кратко време.

фото:freepik
извор:popara.mk

To top