Пејачката Александра Пријовиќ се породи во најлуксузната приватна клиника во Србија. Таа избра болница која нуди најсовремена медицинска нега, за што издвои дури 400.000 динари.
Цената вклучуваше целосна приватност, луксузен апартман од највисоко ниво, најдобар анестезиолог, како и тим лекари специјализирани за најсложените породувања.

– Удобноста, приватноста и стручноста се апсолутни приоритети за Александрa. Таа сакаше да се породи во мир, опкружена со најстручниот медицински тим, без стрес и притисок од јавноста. Долго време, заедно со Филип, размислуваше каде ќе ја роди својата ќерка, а изборот падна на новоотворена болница сместена во елитна белградска населба. Цената од 400.000 динари не е мала, но Прија работеше и заработуваше пари, а може да си го дозволи само најдоброто – откри медиумски извор.

Александра Пријовиќ се породи во приватна клиника и го роди своето второ дете. Мајката и бебето се чувствуваат одлично, а породувањето помина добро.
Гордите родители го избраа името Ариа за нивната наследничка.
фото:Instagram printscreen/aleksandraprijovic





