Северина не престанува да воодушевува со своите феноменални модни комбинации, од вечерни до деловни, па сè до најлежерни можни – оние за на плажа. Неодамна таа сподели фотографии од одморот во Италија на својот Инстаграм.
Северина во својата објава покажа неколку костими за капење, вклучувајќи ретро бикини во црно-бели комбинации, но едно многу модерно издание го привлече вниманието на сите.
Ова е виолетов едноделен костим за капење од Норма Камали кој комбинира класичен и провокативен дизајн. Кроен е за да одговара на телото, а неговата уникатност е дадена од делови во боја на кожа кои личат на процепи.
View this post on Instagram
„Не мислам дека претерувам кога велам дека Севе никогаш не изгледала подобро“, „Рибетина на квадрат“, „Колку си убава и женствена“, „Прекрасна“, „ Принцеза на патувањата“, „Бомба“, „Изгледаш совршено“, „Врвно“, беа комплиментите под објавата кои ги доби од нејзините обожаватели.
Foto: print Screen/Instagram







