Водителот на музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ, неодамна се соочи со сериозен здравствен проблем, по што отсуствуваше од работата и јавниот живот.
Откако беше пуштен на домашно лекување по мозочен удар, Јакшиќ сега откри како се чувствува.
– Одлично ми е, се опоравувам – прво рече Жика, а потоа откри кога се враќа на работното место.
– Емисијата ја снимаме на 10 септември. Се враќам на работа среќен и весел – додаде тој.

Да потсетиме дека Јакшиќ претходно откри како напредува неговото закрепнување.
– Одам на терапија и логопед доаѓа кај мене секој ден. Одам и на физиотерапија. Мојата состојба се подобрува, како што можете да видите. Нормален сум и здрав. Сè уште имам некои проблеми со говорот, но тоа ќе се подобри со текот на времето – изјави Јакшиќ неодамна за Информер.рс
фото:Instagram printscreen/ nikad nije kasno







