Радио Милева заштитен знак

„Градите ми „букнаа“, се молев за нив во црква“: Познатата актерка не секогаш имала бујни облини

„Градите ми „букнаа“, се молев за нив во црква“: Познатата актерка не секогаш имала бујни облини

Актерката Салма Хајек се смета за една од ретките со природни гради. Сепак, таа не секогаш имала облини, а како што изјавила – тие уште повеќе пораснале за време на менопаузата.

Познатата актерка Салма Хајек денес полни 58 години, а многумина веруваат дека изгледа подобро од кога било, а дека годините немаат никаква врска со неа. Уште од нејзиното појавување во филмот „Од самрак до зора“, таа се смета за една од најубавите дами во Холивуд.

На нејзината роденденска забава пред неколку години, посебно внимание привлече со нејзините облини и бујните гради, кои се чини дека се поголеми од кога било.

„Среќен ми 56-ти роденден“, напиша Салма Хаек под објавата во која танцува на песната „Среќен роденден“ од Стив Вондер.

Актерката гордо ја носи својата седа коса и не се замара со фактот дека корените на косата ѝ се секогаш свежо обоени, а сè споделува на социјалните мрежи, ширејќи ја веста за природното стареење и дека не треба да се биде роб на разубавување и фотошопирање.

Салма имала несигурности додека растела и се развувала, а како што еднаш призна во една емисија, се молела да ѝ пораснат градите, кои сега се нејзин заштитен знак. Кога водителката ја праша дали некогаш била несигурна во врска со својот физички изглед, Селма одговори: „Дали сега зборуваме за моите гради?“

„Бев најмлада во класот, и сите девојки почнаа да ги „фаќаат“, а јас не добивав ништо. Бев навистина исплашена“, почна таа, а кога водителот ја праша – И што направи во врска со тоа, таа одговори: „Отидовме на патување со моите родители и отидовме во црквата на еден познат светец за кој се вели дека создава многу чуда. Многу ме задеваа затоа што бев слаба и момчешки градена. И, кога се упативме кон колата, се вратив со изговор дека сум заборавила нешто. Се вратив во црквата, ги ставив рацете во света вода и се молев „те молам Боже, дај ми гради“, ја раскажа Салма анегдотата држејќи ги своите гради и ги насмеа сите во студиото.

Instagram/salmahayek/printscreen

To top