Наташа Беквалац со години успешно пее, а со својата најнова објава натера многумина да помислат дека решила да ја промени професијата.
Имено, Наташа на својот Инстаграм профил се пофали дека започнала курс за шминкање, а од него објави и фотографија.
Мојата прва лекција за шминкање. Имам и тетратка, за да можам да запишам нешто – истакна Наташа со фотографија од тетратка во која ќе запише се што е потребно на часовите.
Да потсетиме, Наташа Беквалац дипломирала на Вишата школа за спортски тренери.
Љубовта кон спортот ја наследила од нејзиниот татко, фудбалскиот стручњак Драгољуб Беквалац, кој инсистирал таа да се запише во таа образовна институција.
фото: printskrin/instgaram/bekvalceva