ТВ водителката Александра Пановска Илиевска изминатиот викенд, поточно во саботата, за првпат се појави во термин како никогаш претходно.
Имено, како и секое лето тлевизиската програма знае да трпи промени, особено кога во викенд има некое случување кое се емитува во живо. Таков пеример се Лото 7 и фестивалот „Охрид фест“.
Марјана Станојковска наместо на Лото, беше домаќинка заедно со Ирена Спировска од големата сцена во Охрид, додека во студиото во Скопје овој ангажман за првпат го доби Александра Пановска Илиевска.

За неа сефте, а за нкој играч сигурна среќа од бројките кои Александра ги објави пред ТВ екраните.
Насмеана, видно енергична и позитивна како и секогаш, Илиевска одлично се снајде во новата улога.

Најчесто Марјана низ годините наназад ја менуваше Милена Антовска Станковска, но оваа сабота таа во својата агенда имаше свеченост на која беше гостинка.
фото:Facebook/ Aleksandra Ilievska





