Познатиот кумановец Дарко Спејко откако се пресели да живее и работи во Обиденетите Арапски Емирати му случија многу работи. Меѓу останатото некогашниот ријалити победник од „Големиот брат“ има нов автомобил и со него во пакет, нова девојка.
Русокосата пробиштипјанка Хрисанта Монева е минато („определено свршено време“), а на нејзино место дојде друга.

Малку поинаква, ама сепак убава, привлечна, пожелна, секси… Онаква, на какви што Спејко постојано цели – убави жени!

Впрочем сите што ги знаеме ( а веројатно и што не ги знаеме) му биле такви, со тоа што оваа новата по се изгледа малку го променила. Ако не целосно, барем некои негови навики.
Зашто Спејко од досега виденото може да се заклучи дека отсекогаш имал два фетиша и една навика.

Скапите коли и убавите жени му се она без кое не може.

Најновиот џип марка „Масерати“ веројатно доволно скапо го платил, а со него и цената кога е во прашање жената. Оваа, најновата. Зашто ако досега тој ги возеше девојките во своите автомобили, овој пат неговиот џип го тера малата црнка „џепна венера“!

Спејко е на совозачкото седиште, од каде има подобар увид на ситуацијата, подобро гледиште…

Десната рака зафатена со мобилниот и селфито во ретровизорот, ама затоа левата… Левата овој пат „празна“.

Зашто ако досега кога тој ги возеше своите убавици една од неговите рутини му беше неговата рака меѓу нејзините бутини.

Сега кога таа е зад воланот , „големиот брат“ е мирен. Фетишите се тука, убавиот секси возач и скапиот џип, арно ама за рутинската навика, сега има „одвика“? Или можеби тоа само така изгледа?!
Оти кумановскиот заводник сепак така лесно не се откажува од она што го користи како оружје кога заведува. Затоа за задоволството да биде обострано има и друг начин… Или истиот само, на друга локација. Со морска панорама на романтично зајдисонце од Персискиот залив и старата добра рутина – неговата рака на нејзината бутина!
Зашто тој му е стилот… и во и надвор од автомобилот!
Фото: Инстаграм/hrisantam/spejko







