Ким Кардашијан повторно предизвика бура од коментари на социјалните мрежи откако ѝ дозволи на својата дванаесетгодишна ќерка Норт Вест да се појави јавно облечена во корсет и мини здолниште за време на одморот во Рим.
Малото девојче, кое изгледаше повисоко од нејзината мајка на платформи, излезе со Ким од познатиот ресторан „Пјерлуиџи“ во саботата навечер. Норт дополнително го привлече вниманието со косата и очила.
it pains me to remember north west is 12 years old pic.twitter.com/URbItsylSp
— claudia (@claudiaa81) August 25, 2025
Иако некои на социјалните мрежи истакнаа дека Норт „изгледа слатко“, повеќето коментари беа критички. „Не сум за градник за 12-годишно дете. Ги сакам Ким и Норт, но ова за мене е големо не“, напиша еден корисник.
View this post on Instagram
„Толку несоодветно, Ким“, додаде друг, додека трет кратко коментираше: „Добро, Ким, таа има 12 години…“
Еден обожавател дури и предложи Ким, која има 44 години, да „ја зачува невиноста на својата ќерка и да биде повнимателна со својот стил“. Други коментираа дека „здолништето е во ред, дури и чизмите, но корсет за 12-годишно дете е сепак премногу“ – а тоа го напиша некој што дизајнира облека за егзотични танчери.
Сепак, имаше и такви кои застанаа во одбрана на ријалити ѕвездата. „Оваа осуда е навистина претерана. Луѓето треба да се погледнат себеси, а не да се грижат за неа“, рече еден следбеник.
Foto: print Screen/Instagram/TikTok







