Хана Икодиновиќ, ќерка на познатата пејачка Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, е активна на социјалните мрежи и ги објавува своите секојдневни активности, како и разголени фотографии.
Обожавателите со нетрпение го очекуваат секоја нова објава и на тој начин влегуваат во светот на познатите личности, барем виртуелно.

Овој пат, Хана сподели фотографија направена веднаш по тренингот, покажувајќи уште еднаш колку се грижи за својот физички изглед.
На фотографијата е прикажана како излегува од автомобил во тесни хеланки и маичка без ракави, а нејзината затегната фигура, особено рамниот стомак и обликуваните гради, беа во преден план.

Обожавателите се воодушевени од изгледот на Хана, а многумина коментираат дека убавината е очигледно во нејзините гени.
Фото: printscreen/instgaram





