Мегафон

ИДЕАЛ БЕНД – бендот кој вашите приватни забави или свадби ќе ги направи идеални

ИДЕАЛ БЕНД – бендот кој вашите приватни забави или свадби ќе ги направи идеални

Идеал Бенд Скопје е повеќе од само музичка група составена од млади и талентирани музички артисти – тие се симбол на младинскиот дух и енергија, кои неуморно работат за да ја пренесат својата страст кон музиката на секој кој ќе ги слушне.

Со својата разновидност и уникатен пристап, без разлика дали се работи за македонска традиционална музика или за светски познати хитови тие го обединуваат минатото и сегашноста, создавајќи незаборавни музички моменти за сите генерации.

Свадбарски сплет е еден од проектите на групата „Идеал бенд“. Шест члениот бенд е составен од Давор Кимовски, Илија Смилевски, Виктор Китановски, Кристијан Милошевски и пејачите Дамјан Димевски и Ангела Влинтовска која свири и на виолина.

Бендот веќе е добро етаблиран на македонската музичка сцена, а покрај во Македонија, Идеал Бенд веќе има настапи и во странство, Бугарија, Црна Гора и други земји.

-Овој музички проект на којшто работевме во изминатиот период претставува голем успех за нашиот бенд. Нашата цел е преку добра македонска музика да ги забавуваме слушателите и сите заедно во еден глас да пееме. Исто така, се стремиме кон тоа секоја свадба на којашто свириме да ја направиме идеална и незаборавна како за гостите така и за младоженците, рече саксофонистот Виктор Китановски.

Инаку, „Идеал бенд“ е составен од машки и женски вокал, бубњар, басист, дувач и хармоникаш. Тие својата публика ја забавуваат со македонски песни и нивната цел е да ја продолжат македонската традиција.

Поврзани теми

To top