Радио Милева среќа и љубов

Ретко и лично: Пејачот направи исклучок и покажа опуштени моменти од одморот со саканата 

Ретко и лично: Пејачот направи исклучок и покажа опуштени моменти од одморот со саканата 

Македонскит поп пејач и композитор, Александар Тарабунов кој обично ги чува своите приватни моменти далеку од очите на јавноста, викендов направи исклучок – сподели фотографии од одморот со својата сакана.

Овој пат, тој ги остави професионалните обврски настрана и покажа дел од својата приватна среќа, уживајќи во спокојството и убавините покрај морето.

На објавата веднаш реагираше и неговата партнерка со низа емотикони, што говори за нивната силна наклонетост и поддршка.

 

Меѓу фотографиите, пејачот се појавува во опуштено летно издание, шетајќи на плажата, а зад камерите, според сè, била токму Калина Поленак која ги уловила тие моменти. Тој изгледа неверојатно – полн со енергија, горд на својата фигура и онаа позитивна харизма што се гледа од далеку.

Без сомнение, двојката максимално уживала во заедничкиот одмор, а пејачот добро ги наполнил батериите за следните професионални предизвици.

Инаку, парот е заедно уште од 2018 година и иако внимателно ги чуваат своите моменти подалеку од погледот на јавноста, понекогаш дозволуваат и по една мала приватна сцена за своите следбеници. Пејачот знае кога да направи исклучок за вистинските моменти на среќа и љубов – и тоа е токму она што го прави искрен и близок до своите обожаватели.

Foto: print Screen/Instagram/aleksandartarabunov

To top