Одморот во лето е време кое сите го чекаме – мигови за релаксација, сонце, море, непроценливи моменти на одмор. Токму сега додека температурите се високи и деновите подолги , македонската фолк пејачка Анета Љумаковска одлучи да стане дел од летната приказна на Тасос.
На својата Инстаграм приказна, таа сподели две убави фотографии од плажа. На едната фотографија покажа како ужива на лежалките, со лице подготвено за вистинска релаксација. Таа го сподели моментот додека се сонча, на лежалката, со насмевка што зборува дека ужива во секој момент.

Додека на другата, ја тагна локацијата на која одмара и покажа дека во раката држи чаша со ладно бело вино — идеален спој за полнење батерии.

Тасос е дестинацијата што ќе и донесе мир и енергија на пејачката за да се врати подготвена пред својата публика со нова сила и позитивна вибрација. А секако, таму каде што сонцето и морето се во добра хармонија, раѓањето на нови успеси е неизбежно. И најважно одморениот дух е најмоќното гориво за нови почетоци и незаборавни настапи.
Да потсетиме, Анета пред да се огласи од плажата го промовираше најновото музичко и визуелно остварување. Станува збор за емотивната и заразна летна песна насловена „100 по Рихтер“, која со сигурност ќе го освои регионалниот етер.
Foto: print Screen/instаgram







