Радио Милева ги брише солзите

Бремената Милица не може да ги сокрие емоциите – Се расплака на приватна прослава

Бремената Милица не може да ги сокрие емоциите – Се расплака на приватна прослава

Пејачката Милица Тодоровиќ вчера за прв пат се појави во јавноста откако беше објавено дека е бремена.

Таа присуствуваше на прославата по повод првиот роденден на синот на Катарина Живковиќ, а вниманието на присутните го привлече со својот изглед и емоциите што не можеше да ги скрие.

Милица блескаше во елегантен црн фустан до подот кој вешто го криеше нејзиниот труднички стомак.

На социјалните мрежи се појави емотивно видео од прославата, на кое Каќа танцува со својот син Стефан и му пее, додека во позадина се гледа Милица преплавена од емоции, која во еден момент дискретно ги брише солзите од лицето.

Уште од почетокот на бременоста, Милица одлучи да се повлече од јавноста и тивко да ужива во најубавиот период од својот живот. – Милица долго време сакаше да стане мајка, тоа беше нејзина голема желба. Кога дозна дека е бремена, веднаш ги откажа сите свои настапи. Таа сака да ужива во втората бременост, а бебето моментално ѝ е приоритет. Природата на нејзината работа е таква што работи ноќе, а во овие моменти треба да има редовен сон, уреден и здрав живот, па затоа не сакаше да се изложува на непотребен напор и донесе одлука со својот партнер да се повлече од јавноста – изјави извор за Блиц.

Foto: instagram.com/katarina_zivkovic_official/

To top