Инфлуенсерката и јутјуберка Луна Ѓогани повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, овој пат откривајќи како изгледа нејзиниот неделен оброк.
Луна, која неодамна отворено проговори за проблемите со менталното здравје со кои се соочила, направи фотографија од трпезариската маса, а многумина веднаш забележаа дека на неа има домашно приготвена чорба, чинија со свежо сечени домати и урда.

„Недела… Колку ги сакате домашните домати? Мирисот, вкусот… сè“, рече Луна.

Нејзините обожаватели веднаш ја преплавија објавата со коментари и ја пофалија Луна за тоа што ја негува традицијата и ужива во малите нешта што го прават животот поубав.
За потсетување, Луна е мажена за Марко Миљковиќ, а двојката има две ќерки.

Foto: printscreen/ luna_djogani




