Радио Милева Пораки со сочувство

„Небото сега е твојот рај “ – Познатите се збогуваа со Душко Чифлиганец

„Небото сега е твојот рај “ – Познатите се збогуваа со Душко Чифлиганец

Во јавноста осамна веста дека загинал бизнисменот Душко Чифлиганец, а пријателите  и јавните личности се простија од него на социјалните мрежи.

Бизнисменот (32), почина во Чешка, откако во саботата (02.08) доживеал несреќа на мото-трка во Брно, Чешка.

Од Душко со емотивна објава се прости верната пријателка на Миа Костова,Тијана Скулиќ : „Летај Чики небото е твојот рај сега.Те сакам. Да знаеш“

„Почивај во мир Душко, сочувство до семејството“ – се прости водителката Елена Стефановска препознатлива по емисијата „Живот со стил“.

Истата фотографија  ја содели и влијателната инфлуенсерка Миа Костова на нејзиниот Инстаграм профил.

„Патувај со ангелите златно дете “ – напиша со тага ТВ водителот Миро Кацаров.

Пејачката Тамара Тодевска исто така се прости од бизнисменот со негова фотографија која ја постираше на кратката приказна на Инстаграм.

Се прости и познатиот шампион, македонскиот најпопуларен натпреварувач во автомобиски трки, неговиот пријател Игор Стефановски Иџе.

Душко Чифлиганец, се здобил со тешки повреди на главата, а лекарите иако се бореле, не успеале да му го спасат животот.

Душко,  син на сопственикот на групацијата „Адора“, Ванчо Чифлиганец, и самиот беше вклучен во семејниот бизнис и долги години работеше како заменик претседател на групацијата и директор на Adora Living Solutions.

Во јавноста беше познат како страстен вљубеник во моторите, а последниве години се натпреваруваше и во мото трки.

Од познатиот бизнисмен се простуваат пријателите и јавните личности. Пораки со сочувство до семејството упатија Тамара Тодевска, Миро Кацаров, Игор Стефановски – Иџе, Миа Костова и други.

фото: printscreen/instagram

To top