Живот и стил

Со овие совети направете совршена чоколадна глазура

Со овие совети направете совршена чоколадна глазура

Чоколадната глазура е еден од најпопуларните завршни слоеви што им дава на тортите и печивата неодолив изглед и богат, интензивен вкус. Правилно подготвена, чоколадната глазура може да го направи секој десерт посебен – од мек и сјаен до цврст и мазен, без да пука при сечење.

Состојки:

150 г темно чоколадо
50 г путер
2 лажици масло
1 лажица вода

Подготовка:

Исечете го или скршете го чоколадото на помали парчиња, а путерот на коцки.

Истурете вода во длабок сад и загрејте го додека не зоврие. Ставете друг сад врз садот со вода во кој ќе го растопите чоколадото и путерот, внимавајќи садот да не ја допира водата.

Со постојано мешање, растопете го чоколадото и путерот додека не добиете мазна смеса.

Додајте масло и една лажица вода, а потоа добро измешајте сè.

Тргнете го садот од шпоретот и оставете ја глазурата да се олади.

Додавањето масло помага глазурата да биде посјајна и поеластична, а исто така спречува и брзо да се стврдне. Можете да користите неутрално растително масло или дури и бадемово масло за дополнителен вкус.

Не додавајте премногу вода! Една лажица е доволна за правилно да се стегне глазурата, но вишокот вода може да ја разреди смесата и да го отежни нанесувањето.

Не го прегревајте чоколадото – превисоката температура може да ја расипе глазурата, па затоа топењето со пареа треба да биде нежно и постепено.

Ако сакате уште посветла глазура, можете да додадете мала лажичка мед на крајот.

Со овие совети и рецептот, вашите торти и колачи ќе изгледаат и ќе имаат вкус како да се од слаткарница. Пробајте го и сигурно ќе бидете воодушевени!

Извор: Freepik

 

To top