Жика Јакшиќ е на рехабилитација по доживеаниот мозочен удар.
Според извори блиски до Јакшиќ, тој интензивно работи на своето закрепнување, со цел што поскоро да се врати на своите секојдневни обврски.
– Жика моментално е на посебна програма за закрепнување која вклучува дневна терапија со логопед, со цел да ја врати целосната говорна функција, како и редовна физикална терапија. Покрај тоа, тој има техники на релаксација и медицински масажи, кои му помагаат да ги опушти мускулите и да ја подобри циркулацијата – вели добро информиран извор за Информер.рс и додава:

– Жика е под постојан надзор на лекари и експерти за неврорехабилитација, а дел од терапијата вклучува вежби за моторни вештини и рамнотежа, кои се клучни за целосно закрепнување. Пријателите и колегите на Жика, иако стравувањата за неговото здравје се уште се присутни, со нетрпение го очекуваат неговото враќање, додека тој продолжува да се труди што поскоро да се врати на своите секојдневни обврски.
Да потсетиме дека Јакшиќ бил на интензивна нега по мозочен удар, а како што објавија медиумите, покрај тешкотиите со говорот, му била „одземена“ цела една страна од телото.
фото:instagram printscreen/ zikajaksic.fp




