Радио Милева надвор од кодексот

Џорџина Родригез ја „распнаа“ на Инста поради стајлингот што го носеше во црква

Џорџина Родригез ја „распнаа“ на Инста поради стајлингот што го носеше во црква

Партнерка на фудбалерот Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, повторно најде начин да биде во центарот на вниманието на медиумите – но не на позитивен начин.

Имено, пред неколку дена таа објави компилација фотографии од католички верски објект во Португалија на Инстаграм, а нејзината облека наиде на критики од јавноста.

Фаталната бринета, која често не се грижи за кодексот на облекување, овој пат одлучи да ги разбранува мрежите. За посета на црквата таа одлучи да облече бел фустан со цветни мотиви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Целиот изглед го надополни со кожна чанта Биркин и дискретни додатоци. Составен дел од комбинацијата беше шапка што предизвика дискусија на Инстаграм.

Додека некои коментираа дека изгледа совршено и во согласност со актуелните модни трендови, имаше и такви (повеќето од нив) кои ја критикуваа. Судејќи според коментарите, носењето шапка во религиозен објект е одраз на непочитување кон него.

фото:Instagram printscreen/georginagio

To top