Радио Милева вистинска драма

Девојче вреснало поради бубачка, па предизвика стапедо по концерт на Бијонсе од каде има 11 повредени

Девојче вреснало поради бубачка, па предизвика стапедо по концерт на Бијонсе од каде има 11 повредени

По концертот на Бијонсе во Атланта, вистинска драма се случи на метро станица кога едно мало девојче, исплашено од инсект, врескаше и предизвика паника меѓу толпата. Во стампедото што следеше на ескалаторите, дури 11 лица беа повредени.

Сè се случи во раните утрински часови на 15 јули, веднаш по третата и последна вечер од концертите на Бијонсе на стадионот „Мерцедес-Бенц“. Илјадници посетители се упатија кон блиската метро станица за да се вратат дома.

Токму кога луѓето се симнуваа по ескалатор, некој одеднаш почна да вреска и да трча, предизвикувајќи масовна паника.

Според полицискиот извештај и сведоштвата на патниците, врескањето доаѓало од девојче кое се исплашило кога  видело бубачка. Толпата реагирала во паника, скалите се забрзале под тежината на луѓето, а потоа одеднаш застанале.

Во стампедото што следело, едно лице се здобило со скршен глужд, додека седум лица биле однесени во болница со посекотини и гребнатини. Двајца други патници побарале медицинска помош по пристигнувањето дома.

Службениците велат дека ескалаторот бил сервисиран само пет дена пред инцидентот и дека механизмот работел правилно. Ескалаторите биле преоптоварени, што предизвикало тие да забрзаат и автоматски да ги активираат безбедносните сопирачки.

Компанијата „Шиндлер“, која ги произведе ескалаторите, издаде соопштение во кое се наведува дека инцидентот не се должи на техничка грешка, туку на премногу луѓе на едно место. Тие исто така изразија жалење за повредените и најавија целосна соработка во истрагата.

фото:Instagram printscreen/beyonce

To top