„Со најголемата среќа на светов Ви го претставувам овој проект кој што почна само со многу голема љубов, желба и конекција помеѓу две срца а заврши во нешто на кое што сум досега најгорда на себе си и на сите луѓе кои заедно го работевме овој проект. Кога нешто правиме искрено и произлегува директно од срцето без никакви лаги и маски, тоа се чувствува.

Верувам и се надевам дека и Вие ќе почувствувате барем ронка од нашата љубов, среќа, задоволство и возбуда што ја имавме постојано низ целиот процес на создавањето“ – вели младата македонска пејачка при преставувањето наннејзината нова песна, овој пат баладата “Само мој”.

„Сакам да му се заблагодарам пред сѐ на мојот Иван Петровски (Musiverse studio) кој што секоја моја замисла, желба и чувство успеа да ги испише во ноти и да ја создаде најмојата песна досега. Потоа на @bili.d ( Artistic Production, Solution Plus Studio ) и секој еден од нивниот тим, кои што успеаа да направат ремек-дело од нашата замисла и неуморно и несебично се посветија целосно за да ги направиме песната и видео записот да бидат едно цело!

Прекрасните @studio_delovska и @hairstyler.di кои направија магија со своите раце и без кои мојот изглед немаше да биде она што е!

Чудесната @mao_meii која се појавува како модел во спотот и ни донесе некоја посебна димензија со нејзината појава и убава енергија!

“Само мој” е на мојот профил, слушајте ја, изгледајте го видео записот и уживајте, за сега Ве оставаме со неа а наскоро продолжуваме со многу повеќе вакви проекти работени исклучиво со чиста љубов!“ – порачува младата пејачка чија нова нумера можете да ја проследите во видеото во продолжение…







