Марија Луиса Тодоровска замина да одмора… На море, на Егејот, таму каде што ни е најблиску и најприфатливо летувањето од сите аспекти. Како што е редот на одмор не се оди сам, па пејачката тргана да летува со друштво.

Ама ако помисливте дека е во прашање нејзината наверна другарка или некое момче, сте се излажале. Имате слаба интуиција иако личноста со која пејаќката замина да летува, прашање е дали и од сто обиди, некој би можел и да ја погоди?
Во прашање е женска личност, дама, ама не е ни другарка, ни колешка, ни комшика, туку госпоѓа мама!

„Дечко сум немала, не сум била мажена… Како да се мажам кога одмор уште одам со мајка ми“ – тргна да се задева со жената Марија, по што од мајка и експресно и возврати со (Езоп)овски коментар…
Откако се смирија страстите, пејачката се испружи под чадорот за сонце на лежалката за да собере малку енергија пред да влезе во вода, а патем и да го тонира своето тело-вретено, со манекенски пропорции.
Кога сме веќе кај пропорциите, кај испружената пејачка веднаш во очи паѓаат разни детали. До душа, кој на што „се пали“! Оние што се по модата, се фокусираат на аксесоарите како што се сончевите очила или е пирсот на пупачето, оние што се по теретаната и ги бараат плочките на стомачето, додека оние што се по вистинските „женски вредности“ фокусирани се на повозбудливите адути и предности на пејачката, која пак дури и на плажа покажа како ги „билда стомачните“… Исправи се – легни, со пивце „Корона“!
Арно ама, човек ни на одмор да не е раат ниту еден саат, па така и на Марија Луиса се најде некој да и го наруши летниот спокој. Дали кармата е кучка или некој толку не ја поднесува што ја проколна, не знае ниту таа самата?! Ама затоа сите видоа дека пејачката нешто „опасно ја искаса“! И тоа не било каде, туку на долната усна, која сега уште толку и отече и и се „расцвета“, па Марија изгледа небаре е ријалити старлета!
Може не знае кој ја проколна вака да биде потечена, ама затоа првиот во кој се посомнева, беше ТОЈ… Веројатно оставил толку длабоки рани, што пејачката на крајот на денот кон него имаше само една желба… „Сл’нце да зајдвит, а таа да гледа како ајкули го јадит“!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska





