Радио Милева сменети правила

Александра Младеновиќ го вжешти Инстаграм во провидна бела ноќница од тантела

Александра Младеновиќ го вжешти Инстаграм во провидна бела ноќница од тантела

Пејачката Александра Младеновиќ објави фотографија на Инстаграм на која позира во проѕирна бела ноќница.

Ништо не би било необично ако ноќницата не беше исклучително провокативна, а длабокото деколте особено привлече внимание кај машката публика.

Пејачката позираше пред огледало, а многумина ја пофалија што е без шминка.

– Александра, имаш лице како девојче. Од авион се гледа дека добро се грижиш за себе. Браво за тебе – беше само еден од коментарите на социјалните мрежи.

Патем, љубовниот живот на Александра често е тема во медиумите, а самата таа јавно проговори за ова прашање.

– Ова не се скандали, туку мои грешки, бидејќи секогаш бев искрена и велев: „Да, тоа е мојот партнер“. Можев стопати да кажам дека не сум во врска, дека тој ми е пријател, но секогаш бев искрена и тоа ме чинеше многу. Решив мојот приватен живот да го задржам за себе, а кога ќе го најдам вистинскиот маж, на кого ќе му родам деца, тогаш ќе го кажам тоа, а можеби ни тогаш нема – искрено објасни пејачката неодамна.

фото:Instagram printscreen/aleksandra_mladenovic_

To top