ТВ водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска, ретко ја гледаме во провокативни комбинации. Таа е позитивна личност редовно насмеана, која гледачите ја препознаваат од популарното шоу за готвење.

Секако, таа обожава и да патува, а нејзините најнови фотографии од одморот привлекоа внимание на интернет.
Таа неодамна замина за Хургада и овој пат кажа „Добро утро“ од прекрасната летна дестинација.

Со следбениците на социјалните мрежи јавно сподели дека морето таму е како бања. Топло , пријатно, совршено за целодневно капење. Температурите вискои, но покрај морскиот ветер, според неа тоа е уживање без крај.

Нејзините фотографии беа повеќе фокусирани на пејсажот околу неа што ја опкружува, а таа со задоволство го покажа пред јавноста.

Така следбениците ги поттикна да ја прашаа и дали планира да влезе во море, или само прошетка низ Египед?
– Планираш во море или само прошетка низ Египед? – гласеше еден коментар од љубопитните следбеници.

Но, за одговор таа им подготви чисто изненадување: Чекам само од негде некој да рече, Сања излегувај , доста е – им откри таа и додаде емотикон кој плаче од смеење.

Дека одлично се забавува нема сомнеж, но откри дека иако е таму сѐ уште не се осмелила да јава камила. Но, најважно направила одлично селфи со неа во позадина.


фото: printscreen/instgaram/sanja_saveska







