Пејачката Теа Таировиќ неодамна го кажа судбоносното ‘да’, а нејзината мајка Божица Малевиќ не го криеше својот ентузијазам за зетот.
Мајката на младата музичка ѕвезда призна дека веќе се подготвува за нова улога во семејството.
– Тој е одличен зет, вистински господин. Тие се сакаат толку многу што навистина би му посакала таква љубов на секого. Јас се однесувам кон него како кон син, а тој кон мене како кон мајка. Помагам со некои ситници, низ куќата… – рече Божица Малевиќ, нагласувајќи колку ги цени манирите и вниманието на Иван кон неговото семејство.

Божица Малевиќ тврди дека е подготвена за внуци, а за тоа гордо зборуваше.
Мајката на познатата пејачка веќе се радува на проширувањето на своето семејство.

– Едвај чекам внучето, но без тоа„бабо“, имам прекар „Боба“ и така ќе ме викаат – рече таа со насмевка.
Да ве потсетиме дека Теа Таировиќ го прослави својот роденден два дена по свадбата, на 26 април оваа година.
фото:Instagram printscreen/bobamalevic





