Македонската водителка, познатото ТВ лице, која долго време ја гледаме на утринската програма на Канал 5 телевизија, вчера го прослави својот роденден.

Водителката Александра Пановска- Илиевска наполни 40 години, а по тој повод организираше прослава со своите пријатели.

Во таа прилика таа изјави дека вистинското пријателство е најголемото богатство кое може да го имате и затоа треба да го чувате, а поради тоа таа се чувствува позадоволна и порадосна.
View this post on Instagram
Водителката објави неколку „сториња“ како и постови преку кои ги сподели убавите моменти и од срце им се заблагодари на сите за убавите честитки кои ги доби , а кои и го разубавија јубилејот.
– Од сѐ срце Ви благодарам на сите за вашите честитки и убавите желби и зборови, со кои ми го разубавивте и збогативте мојот роденден🥂
Животот е поубав кога има со кого да споделиш радост.
View this post on Instagram
Веселата атмосфера, надополнета со роденденски декорации, таа ја сподели со нејзините следбеници и воедно им се заблагодари на драгите пријатели што ѝ го направија јубилејот поубав.
Инаку, Александра годинешниот одмор во јуни го искористи семејно на грчкиот остров Евија, а тогаш се огласи и од убавата туристичка дестинација.
– Патувај доживувај, учи и уживај – напиша во описот и ги мотивираше и останатите да го направат истото.

Foto: print Screen/Instagram/aleksandra_panovska_ilievska







