Откако сонцето го зеде својот замав и се повеќе немилосрдно да пече, спасот е или дебела ладовина или плажа со водена површина, без оглед дали е тоа базен, езеро или море.

Од неподносливите горештини избега и младата пејачка Мартија, па од онаму каде што заминала на ладење, решила и овој пат да прати летен бикини поздрав… Колку да ги разлади своите обожаватели и следбеници, ама и самата себе си.

Пред да се појави на плажата мала селфи проверка во огледало, дали е се на свое место?!

А, потоа најдобро се фаќа боја кога си онака испружена на мека лежалка покрај пространата, широка вода.

И додека телото на „малата сирена“ го впива потребното количество витамин ДЕ, најдобар „убиец на досада“ е мобилниот и Интернет сурфање.

Можностите се бескрајни, времето неограничено, ама за да не се испржиш како рипче во тава или јагненце на ражен, еден сегмент е најважен: дополнително разладување! Капењето е една од опциите, ама кога си на суво, не само телото, туку и душата бара да се навлажни.
Вода, сок, коктел… Или можеби ладно нескафе најдобро ќе ја завршат работата, па Мартија се одлучила за последната варијанта. Ем ем ќе ја освежи од неподносливата горештина, ќе ја држи будна, додека на мобилниот безгрижно сурфа по бескрајна Интернет ширина.

Арно ама, кога премногу ќе се внесеш во поедини детали, на нешто многу возбудливо или нешто што многу те пали, се случува да се занесеш и да се заборавиш .
Така, занесена во муабетот, во некоја туѓа фотографија, своја слика или нечија порака, Мартија заборави на нескафето, па резултатот беше таков што… на пејачката и преседна пијачката!

Мартија Станојковиќ од многу муабети со нескафе „го освежи“ и бутот и скутот! Настрадаа и меѓуножјето и бикини гаќичките врз кои завршија и нескафето и коцките од мразот!
Фото: Инстаграм/martijastanojkovic




