Познатата пејачка Емина Јаховиќ беше гостинка во утринската програма на Радио С.
Во таа пригода, таа искрено зборуваше за својот приватен живот, секојдневието, но и за својот емотивен статус.
– Не сум заљубена, но би се омажила повторно! Јас сум за мажачка- рече таа со насмевка, признавајќи дека сè уште верува во љубовта и бракот и дека посакува еден ден на порталите да осамне- Емина Јаховиќ конечно во среќна врска.
На прашањето дали би сакала да роди ќерка, пејачката беше искрена:
– Веќе не сум во тоа расположение. Кога видов што е пубертет, сè ми беше јасно. Само да се моите синови живи и здрави – рече Емина.

Емина им откри на слушателите на Радио С и необичен совет како да се „потите“ како во сауна, дури и ако немате дома.
– Вклучете го греењето во автомобилот на максимум, облечете се добро и возете низ градот околу 20 минути. Потете се како во сауна, истуширајте се со ледена вода и денот може да започне – рече таа низ смеа.
За сите оние кои се сомневаа дека ги корегирала усните, Јаховиќ одговори:
– Пробав хијалурон кога беше популарен, но изгледав како катастрофа. После тоа инјектирав средство кое го раствора. Денес, моите усни се природни и такви беа пред 20 години – изјави пејачката за Радио С.
фото:Instagram printscreen/yaemina







